Словенечката компанија „Арома глобал“ почнува производство на сладолед во местото Огулин, кое, според Примож Огризек, ко-основач на компанијата, ќе биде најголема фабрика во светот за сладолед од целосно природни состојки.
Во последните 15 месеци се вложени 7,3 милиони евра во ширење на компанијата и се отворени 50 продажни места во Хрватска. Во Словенија ги нема.
Огризек ја основа компанијата заедно со сопругата, пред 10 години во градот Трзин. Со брендот сладолед Aroma Gelato Experience пред 15 месеци почна голема експанзија во Хрватска. Тогаш, покрај трите постоечки локации беа отворени уште 47 нови, од кои четири се франшизни.
Нивниот бренд сладолед го нема во Словенија. Сопственичката на компанијата, што ја покрена „така да се рече од гаража, односно женска мобилна продавница“, според зборовите на Огризек, направила бизнис-план и ја одбрала Хрватска како место за почеток на глобално ширење.
Хрватскиот пазар ни е погоден за ширење поради големиот туристички потенцијал, долгиот брег и подолгата летна сезона. Сакаме да имаме 100 локации во оваа земја, за што Словенија е мала. Тука можеме да отвориме само неколку локации во Љубљана, Порторож и уште неколку дестинации, изјави Огризек.
Со производствен погон од 4.500 квадратни метри во Огулин, „Арома глобал“ ќе стане најголема фабриока за сладолед во светот. Сладоледот е од 100 отсто природни состојки, без вметнати бои, засилувачи на вкус и останати додатоци. До сега е произведен во повеќе од 50 вкусови. Во малопродажбата, во ек на сезона, во понуда се 34 вкусови.
Во ширење на компанијата во Хрватска во следните две години планира да вложи околу седум милиони евра и да отвори уште 50 продавници.
Компанијата сега има повеќе од 300 вработени, а планот е во следните две години да бидат вкупно 700.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.