Регион

Хрватска ќе забрани работа во недела

28 Feb 2023

Хрватската влада го испрати до парламентот финалниот предлог - закон за трговија, според кој продавниците ќе бидат затворени во недела, а ќе стапи во сила од 1 јули.

Работното време во продавниците е регулирано на тој начин што продавниците се затворени во недела и на празници, а неделен максимален износ на работно време што трговецот самостојно го распределува од понеделник до сабота е одреден на 90 часа.

Што се однесува до можноста за работа во недела, предлог - законот предвидува 16 работни недели во текот на годината.

Работа во недела е дозволена за пекарници, потоа продажни објекти кои се дел од железнички и автобуски станици или аеродроми и пристаништа за траект, бензински пумпи, болници, хотели и други.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...