Регион

Прва во светот: „Подравка“ претстави ајвар во туба

30 Nov 2022

Со вложување во нова производствена линија, „Подравка“ стана првата компанија во светот која претстави ајвар во туба. И покрај новата амбалажа, ајварот ги задржува сите карактеристики на ајварот на „Подравка“, останувајќи и натаму без вештачки ароми и конзерванси, соопштија од компанијата. 

Проектот, што го ко - финансираа ЕУ и Република Хрватска, се однесува на вложувања и модернизација на погонот за преработка на овошје и зеленчук во Калник, отворајќи простор за креирање нови производи како што е ајварот во туба. 

Со инвестицијата овозможивме зголемување на капацитетот за преработка на овошје и зеленчук, но најголема вредност е линијата што ни овозможува целосно иновативен начин на пакување на ајварот и на другите производи. Горди сме што нашиот тим осмисли пакување кое е прво такво во светот и веќе стана хит меѓу потрошувачите. Модернизацијата на нашите производи е во полн замав, што ќе ни овозможи дополнителни иновации и поголема конкурентност во 70 земји во кои ги извезуваме нашите производи, изјави Мартина Далиќ, претседателка на Управата на „Подравка“. 

Со оваа инвестиција се воведуваат и нови производи од категориите џемови, мармалади, екстра џемови, намази, пекмез од сливи и нови видови ајвар. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...