Регион

Србија: Пекарите можат да купуваат брашно по субвенционирани цени

17 Nov 2022

Српското Министерството за трговија ги повика производителите на леб да купуваат брашно Т - 500 по субвенционирани цени од 33 динари за килограм од стоковите резерви. Цената е со вклучен ДДВ, а трошоците за транспорт ги сносат производителите на лебот.

Ова брашно е наменето за производство на леб „сава“, чија цена е ограничена на 49 динари.

Максималните количини што ќе можат да ги откупат производителите на леб ќе се определат сразмерно на нивното производство на леб од тој вид брашно, а по производствена цена од 45,88 динари од август до декември и планираното производство.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...