Хрватска ќе се соочи со недостиг на шеќер, а еден од трговските синџири веќе има ограничена продажба.
Хрватските медиуми јавуваат дека истиот чекор ќе го преземат и другите продавници, повикувајќи се на изјава на Мартин Евачиќ, член на Извршниот комитет за трговија на Хрватската асоцијација на претприемачи и претседател на „Национален малопродажен синџир“.
Причина е замрзнатата цена на шеќерот во владиниот пакет мерки усвоен во четвртокот и чија примена почна во саботата, пренесува „Новости“.
По затворањето на две фабрики за шеќер, остана само таа во Жупања, која едвај задоволува една третина од потребите. Затоа увезуваме шеќер, бидејќи нема избор. Цената на шеќерот на европската берза моментално е нешто повисока од едно евро, а додека за него плаќаме ДДВ, што за нас е нето загуба, продажната цена носи загуба од две куни. Веќе ќе изгубиме од тоа што го имаме на залиха – продажбата на шеќер ќе биде чиста загуба што трговците нема да можат да си ја дозволат, вели Евачиќ.
Тој објаснува дека во фабриката за шеќер во Жупања се произведуваат 30.000 тони годишно, додека потрошувачката е 120.000 тони.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.