Словенечкиот трговски синџир „Туш“ објави дека нема да ги менува цените основните прехранбени производи до крајот на септември и покрај сите прогнози за поскапувања на пазарот.
Асортиманот на производи ги вклучува најчестите прехранбени производи и производи за лична хигиена, кои се на удар на други трговци на мало кога станува збор за поскапувања.
Постојано преговараме со доставувачите и се обидуваме да го менаџираме најавеното поскапување, бидејќи сме свесни како тоа влијае на семејниот буџет на нашите потрошувачи. Оттука, одлуката за замрзнување на редовните цени на основните производи е наш придонес за ублажување на ефектите од поскапувањата во Словенија, нагласува „Туш“.
Од компанијата истакнуваат дека и покрај различните акции и промоции се обидуваат да ги ублажат светските поскапувања, кои се преселија и во Словенија.
При купувањето на 11 производи од нашиот основен асортиман со производи чии цени нема да се променат, „Туш“ на потрошувачите ќе им подарува и одредени производи, додаваат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.