Словенечките млекарници минатата 2021 година произвеле повеќе конзумно млеко, павлака и други млечни производи отколку годината претходно. Помало е производството на сирење и ферментирано млеко, објави Државниот завод за статистика на Словенија.
Млекарниците произвеле приближно 167.000 тони конзумно млеко, што е 1,7 отсто повеќе отколку во 2020. Во структурата на конзумното млеко во последните години расте производството на полномасно млеко. Во 2010 година уделот сочинуваше 52 отсто производство на конзумно млеко, а лани тој удел надмина 84 отсто.
Словенија лани извезла околу 321.100 тони млеко, што е 3,8 отсто повеќе отколку годината претходно. Производството на павлака со повеќе од 29 отсто масти (главно слатка павлака) во последните 16 години е намалена од 9.800 тони на помалку од 6.100 тони, додека производството на павлака со повеќе од 29 отсто масти (главно кисела павлака) е зголемено од 3.900 тони на 5.900 тони.
Намалено е и производството на сирење - лани се произведени околу 15.700 тони сирење, за 0,5 отсто помалку отколку во 2020 година.
Вредноста на увозот, односно на увезеното млеко во Словенија во 2021 година изнесуваше 187 милиони евра, што е за 7,7 отсто повеќе од 2020 година, а извезено е млеко и млечни производи во вредност од околу 190 милиони евра, што е за 8 отсто повеќе од вредноста на увозот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.