Регион

Црна Гора ги ограничи цените на брашно, масло, шеќер и сол

01 Jul 2022

Црна Гора ги ограничи на 5 отсто максималните висини на маржите во трговијата на големо, и тоа за пченичното брашно (ТИП 400 и 500), шеќерот, маслото и солта. За малопродажбата, максималната маржа на овие производи ќе биде максимум 7 отсто. 

Одлуката стапи на сила вчера (30 јуни). Од Пазарната инспекција соопштија дека казната за непочитување на оваа одлука на Владата на Црна Гора ќе биде од 500 евра до 10.000 евра. 

Цените на овие производи срастично скокнаа откако на 24 февруари почна војната во Украина. Така, за литар масло за јадење на почетокот на 2021 година требаше да се издвои по едно евро, во јануари 2022 година неговата цена беше 1,40 евра, а сега цената на литар масло во црногорските маркети е меѓу 2,2 и 2,4 евра за литар. Брашното поскапе за 50 отсто, а драстично зголемување има и кај цената на сол и на шеќер. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...