Регион

Словенија: „Туш“ претстави нов концепт на мобилна продавница

24 Jun 2022

Словенечкиот трговец „Туш“ во туристичкото место „Ривер кампинг“ кај езерото Блед претстави целосно нов концепт на мобилна продавница со што туристите и мештаните добија голем избор на производи прилагодени за повремено купување или за секојдневните потреби на домаќинствата. 

Блед е првото место каде е достапен новиот формат на мобилна продавница, што ќе биде проширен и на други одбрани локации во Словенија. 

Во туристичките подрачја како што е Блед, очекувањата на купувачите се многу различни. Овде понудивме згодна, транспарентно направена продавница за секојдневно купување од страна на туристите или локалното население. Сакаме да понудиме се што е потребно за во некое туристичко место, па продавницата е опремена и со каси за самопослужување, соопштија од „Туш“. 

Понудата на производи е целосна - основни намирници, пакувани свежи производи, пијалаци и основни непрехранбени производи. 

 

    



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...