Пратениците во црногорскиот парламент усвоија закони со кои се укинува ДДВ на лебот и акцизите за пластиката што се користи како амбалажа во индустријата за храна и пијалаци.
Предлог-измените на Законот за ДДВ и предлог-измените на Законот за акцизи ги поддржаа сите 54 присутни пратеници.
Со измените на првиот закон се намалува ДДВ-то на лебот од сегашните седум на нула проценти, за да се намали цената на лебот, која на почетокот на годината се зголеми за 30 отсто, беше истакнато во образложението на ова законско решение.
Со вториот закон се бара да се укине акцизата за пластика што се користи како амбалажа во прехранбената и индустријата за пијалаци, односно акцизата која неодамна беше воведена за домашните стопански субјекти кои се занимаваат со производство на вода, млеко и млечни производи, како и оние кои препакуваат одредени производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.