Регион

Во Црна Гора стигнува поевтино брашно од Србија

28 Apr 2022

Големите пекарници, трговци и увозници на брашно во Црна Гора добија од добавувачите во Србија цени за испорака на брашно во мај, што се за 10 до 15 отсто пониски од цените од Бугарија, Босна и Херцеговина и другите пазари од каде Црна Гора мораше да увезува брашно после 10 март, кога Србија забрани извоз. 

Ова значи дека сега, а веројатно и во тек на летната сезона, може да се избегне ново поскапување на лебот, како што бараа дел од пекарниците поради раст на увозните цени од другите пазари и зголемување на трошоците за транспорт паралелно со се повисоките цени на горивата. 

Добавувачите од Србија на своите купувачи во Црна Гора им понудија брашно тип 500 по цени од 420 и 440 евра за тон, зависно од млинот. Цените по кои претходно Црна Гора набавуваше брашно од Бугарија и БиХ изнесуваа меѓу 450 и 480 евра за тон. Кога ќе се додадат сите трошоци за транспорт, данок и маржата за увозникот, цената на килограм брашно од Бугарија за црногорските трговци и пекарници беше 62 центи, додека сега, со новите цени, килограм брашно од Србија со сите овие давачки ги чини по 53 центи. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...