Цените на свежото месо од почетокот на годинава се зголемени за 30 до 60 отсто, во зависност од видот, велат најголемите црногорски производители и преработувачи на месо.
Свинското месо е најскапо, а е најувезувано бидејќи неговото производство во Црна Гора е занемарливо.
Директорот и сопственик на „Мартекс“ од Цетиње, Драган Мартиновиќ, изјави дека увозот на свинско месо е зголемен за 70 до 80%. Компанијата „Мартекс“, која произведува сувомесни производи, го набавува свинското месо од Германија, Холандија и од Шпанија.
Ѓорѓиjе Горановиќ, директор и сопственик на Месната индустрија „Горановиќ“, изјави дека од почетокот на годинава цените на сите видови месо се зголемени за 30 до 60%.
Говедското, телешкото и јагнешкото месо поскапеа за 35 отсто пред два-три месеци и меѓу 5 и 10 отсто пред неколку дена, изјави Хилмија Франца, сопственик и директор на „Месопромет“, нагласувајќи дека овие видови месо исклучиво се од нивните погони и кооперативни фарми.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.