Регион

Град Мостар забрани работа во недела

31 Mar 2022

Градското собрание на Мостар со 26 гласови „за“, 2 „против“ и 4 „воздржани“ ја усвои одлуката за забрана на работата во недела. Тоа предизвика различни реакции кај работодавачите, работниците и граѓаните. 

Според новата одлука, во недели и за време на празници, на продавниците кои се занимаваат со продажба на цвеќе и пекарски производи ќе им биде овозможена работа од 7 часот до 12 часот. Оние кои се занимаваат со трговија на големо и мало на непрехранбени производи нема да смеат да работат во недела. Истото се однесува и на киосците. 

За време на туристичката сезона од 15 мај до 15 септември работното време ќе биде најмногу до полноќ во работни денови и до 1 часот по полноќ во викенди. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...