Србија: Советот за доделување на колективната ознака Čuvarkuća им го додели правото на овој знак на 15 нови домашни производи од областа на земјоделството и прехранбената индустрија.
Право на трговската марка добија производите на компаниите „Мивака“, „Мини Пани“ и „Млекара Михајловиќ“.
Право на добивање на оваа ознака имаат домашни производи кои во составот имаат 80 отсто од домашните ресурси и ги исполнуваат пропишаните критериуми за квалитет, екологија и маркетинг.
За 1,5 година од лансирањето на проектот „Создаден во Србија“, Čuvarkuća имаат добиено околу 900 домашни производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.