Регион

„Нелт група“ основа компанија „Нелт Европа“

08 Dec 2021

Консолидираниот приход на „Нелт група“ надмина милијарда евра приход во 2021 година.

Импресивниот резултат на компанијата, која работи на два континенти и вработува над 4.000 луѓе, беше соопштен на традиционалното годишно собирање на челните луѓе на компанијата со претставниците на медиумите во Србија, при што беа споделени остварените резултати во тековната и најавени плановите за следната година. 

Посебно внимание предизвика најавата дека „Нелт група“ ќе работи и во Хрватска и во Словенија, со основање на компанијата „Нелт Европа“. 

Излегувањето на европскиот пазар за компанијата „Нелт“ е природен процес на развој. „Нелт Европа“ ќе биде почетна точка на развој во ширењето на компаниите на „Нелт“ ширум Европа. Милена Вушак, реномиран професионалец со долги години искуство во FMCG секторот го презеде развојот на нашето работење во Хрватска и Словенија, со амбициозни планови за развој и дистрибуција на брендовите на „Нелт“ на наведените пазари, изјави Милош Јелиќ, генерален директор на „Нелт група“.   

Во годината што изминува, групацијата успеа да го одржи својот синџир на снабдување без прекини, на сите пазари. Исто така, го продолжи одржливиот раст и континуирано инвестираше повеќе од 7 милиони евра во инфраструктура. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...