Денеска во Белград се одржува 8. FMCG Retail Summit во чиј фокус се темите трендови, категории и извоз. Самитот е во хибриден формат, со физичко присуство и онлајн. Организатор е српската редакција на магазинот InStore.
Говорници се повеќе од 15 еминентни експерти, меѓу кои и од Германија, Велика Британија, Романија и Австрија. Тие ќе направат преглед на состојбата и увид во потенцијалите на домашниот и регионалниот трговски сектор; ќе ги анализираат трговските трендови во централна и источна Европа, како и извозните потенцијали на пазарите во опкружувањето (со фокус на Романија); ќе дадат примери и искуства на најуспешните извозници на пазарите од ЕУ и поранешна Југославија; ќе направат анализа на категориите производи на полиците и ќе прикажат модел на работење на глобално ниво.
Повеќе за самитот можете да прочитате тука https://www.fmcg-summit.rs/.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.