БДП на Словенија во второто тримесечје од оваа година беше за 16,3 проценти повисок отколку во истиот период минатата година, објави словенечкиот завод за статистика.
За тоа најмногу придонесе растот на надворешната трговија, а нагло се зголемија и инвестициите и потрошувачката на домаќинствата.
Благодарение на владините мерки за зачувување на економската активност за време на пандемијата, економијата продолжува да закрепнува многу добро, велат словенечките аналитичари.
Во споредба со вториот квартал од минатата година, увозот во вториот квартал е зголемен за 34,9 проценти, а извозот за 30,2 проценти.
Бруто вложувањата во капитал се зголемиле во просек за 19,2 проценти на годишно ниво, а потрошувачката на домаќинствата пораснала за 18,8 проценти.
Од друга страна, поради обемните субвенции за економијата и граѓаните, буџетскиот дефицит се зголемува.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.