Винарницата „Фазан“ го произведе првиот шампањ во БиХ, под етикетата Perls d Amor.
Направен е од две врсти шампањ - класик и розе.
Ние сме определени за помали приноси и внимателен избор на сортите. Органски произведеното грозје и вино е за европскиот пазар, исклучиво за францускиот, кој бара само врвен квалитет. На оваа плантажа секој грозд се бере рачно, а секое презреано зрно се одвојува, соопштија од винарницата.
„Фазан“ извезува 90 отсто од своите производи. Најзначаен пазар сега е Франција, додека во тек се подготовки за извоз во Германија и во Австрија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.