Компанијата „Бамби“ вложува 12 милиони евра во нова линија за производство на кекси Plazma.
Ова го најави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија, при посетата на погоните на компанијата во Пожаревац. Чадеж истовремено објави дека производите на „Бамби“ ќе се најдат во кафулињата на „Кока кола“ ширум светот.
Фантастично е кога ќе дојдете во компанија која во година што не беше лесна го зголеми извозот за 15 отсто. Фантастично е кога ќе дојдете во компанија која е лидер, како во Србија, така и во регионот, и гледате како полека израснува во светски лидер како дел од групацијата „Кока кола ХБЦ“, изјави тој.
„Кока кола ХБЦ“ уште во 2019 година најави дека од инвестициската компанија „Мид Европа партнерс“ за 260 милиони евра ќе го купи српскиот производител на кекси и слатки „Бамби“, што и се оствари подоцна истата година.
Компанијата „Бамби“ е основана во 1967 година. Нејзини се брендовите Bambi, Plazma, Wellness, Zlatni Pek Josh.... „Бамби“ има околу 800 работници во Пожаревац и Белград, годишно произведува околу 35.000 тони кекс, извезува на 22 светски пазари, а во план се ширење на пазарите во Швајцарија, Австрија, Романија и Унгарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.