Турската компанија „Агрогора органик“ ќе одгледува органско овошје во општина Мојковац, Црна Гора.
Компанијата закупи 11.713 квадратни метри земјиште на 10 години, во истоимената општина. Ангажирани се 120-150 сезонски работници.
Целта на „Агрогора органик“ е да се покрене иновативно агро-работење во Црна Гора, за да се искористат природните залихи на шумско овошје и органското производство на овошје во земјата. Технологијата е во склад со добро развиената побарувачка на пазарот во западна Европа, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.