Претседателот на косовската Стопанска комора, Берат Рукиќи, соопшти дека ја одбиле поканата на Стопанската комора на Србија во Белград да се вакцинираат против ковид-19 бизнисмени и нивните вработени, пренесе Плусинфо.
Рукиќи наведува дека од принципиелни причини ја одбиле оваа покана.
Како Стопанска комора на Косово ја одбивме оваа покана од принципилени причини. Нашите компании се подготвени да ги поддржат институциите во овој и во другите процеси кои ни помагаат да ја завршиме здравствената криза, напиша тој на Фејсбук.
Вчера престедателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, ги покани Стопанските комори од Босна и Херцеговина, С.Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора викендов во Белград да организираат вакцинирање на стопанственици и нивни вработени против ковид-19.
За таа цел, како што беше најавено, се обезбедени 10.000 вакцини „АстраЗенека“ заедно со владата на Србија.
Извор: Плусинфо.мк
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.