Регион

„Атлантик група“ со високо ниво на стабилност во 2020 година

25 фев 2021

„Атлантик група“ оствари пораст на профитабилноста (со исклучок на еднократните ставки) со споредливи приходи на минатогодишно ниво и рекордно ниско задолжување.

Како што соопштуваат од компанијата, операциите на „Атлантик група“ покажаа високо ниво на стабилност во 2020 година и покрај нарушувањата предизвикани од пандемијата. Компанијата оствари 700,3 милиони евра приходи од продажба, што е пад од 3,3% во споредба со 2019 година, но ако се исклучи влијанието на деинвестираниот оперативен приход, споредливите приходи имаа благ пад од 0,4%. Добивката пред камати, даноци и амортизација (ЕБИДТА) изнесува 95,5 милиони евра и беше пониска за 8%, додека без еднократните ставки порасна за 4,6%, на 100,7 милиони евра. Нето-добивката изнесува 45,6 милиони евра и без еднократните ставки се зголеми за 13,3% во споредба со претходната година, додека номинално бележи пад од 12,3%.

И покрај кризата, продолживме планирано да инвестираме за развој на бизнисот. Нашите приоритети, и покрај неизвесноста на епидемиолошката состојба, остануваат исти – одржување на позитивен билтен за здравјето на вработените, обезбедување непречен процес на производството, континуирано снабдување на нашите клиенти и потрошувачи и општествена одговорност во најширока смисла. Горд сум на начинот на кој се справуваме со предизвиците и свесен сум дека ја имаме привилегијата да работиме во индустрија што не е толку погодена од пандемијата, вели Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на „Атлантик група“.

Најголем пораст на приходите од продажба постигнале деликатесните намази (15,1%), синџирот аптеки „Фармација“ (4,5%) и Donat Mg (2,7%). Кафето се издвојува како најголема поединечна категорија со учество од 21,1 процент во вкупните приходи, а во 2020 година оствари благ пад на приходите од 2,6%, со зголемување на профитабилноста. Кај пазарите, најзначаен poраст од 14,2% остварија клучните европски пазари, претежно Австрија и Швајцарија, а продолжија да растат и пазарите на Словенија, Македонија и Косово.

На резултатот значајно влијаеле мерките за спречување на ширењето на пандемијата и слабата туристичка сезона во Хрватска, што посебно се одрази на пад на продажбата во хорека-сегментот, но и во пад на продажбата на производи наменети за консумација надвор од домот т.н. импулсивни производи (примарно слатки и солени производи). Сепак, брендовите што првенствено се консумираат дома, успеале да ги анулираат негативните влијанија од пандемијата. Освен влијанието од пандемијата врз приходите, резултатите на компанија биле оптеретени со 5,1 милиони евра еднократни трошоци за донации (3,7 милиони евра) и други оперативни трошоци поврзани со спречување на пандемијата.

Во соопштрението се додава дека освен кризата, годината ја одбележале и бројни признанија и награди. Во 2020 година, „Атлантик група“ беше прогласена за петти најпосакуван работодавец во Хрватска, според истражувањето на „Мој посао“ и најпосакуваниот работодавец за младите во Србија во категоријата храна и пијалаци. Од друга страна, Cedevita, според истражувањето на „Ипсос“ во 2020 година, е најбараниот бренд безалкохолни пијалаци во Хрватска и Словенија, а втор во Србија. На 12. доделување на наградите „Фина“, „Атлантик група“ ја освои титулата најуспешен долгорочен претприемач, додека на 11. доделување на наградите, во организација на „Пословни дневник“ и Загрепската берза, ја освои првата награда за односи со инвеститори. На крајот на годината, Атлантик издаде корпоративни обврзници во износ од 40 милиони евра со фиксна годишна каматна стапка од 0,875%, што е историски најниска каматна стапка во нефинансискиот сектор на хрватскиот пазар на капитал.

Во 2021 година, компанијата ќе продолжи да се фокусира на зајакнување на позицијата на препознатливи регионални брендови, интернационализација (првенствено Argeta и Donat Mg), создавање нови брендови, развој на деловната дистрибуција и продолжување на дезинвестирањето на нестратешките деловни операции и можни спојувања и преземања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...