Регион

Италијанскиот бренд Kiko Milano влезе на српскиот пазар

01 Feb 2021

Италијанскиот бренд за декоративна козметика Kiko Milano отвори две продавници во Белград. 

Во новите продавници, отворени во трговскиот центар „Ушќе“ и „Галерија“, купувачите ги очекуваат повеќе од 2.000 производи од овој бренд.

Основан во 1997 година во италијанската престолнина на модата, Kiko Milano стекна популарност благодарение на неверојатната разноликост на производите, текстурите и боите, како и пристапните цени. Најголемиот дел од асортиманот на производи се произведува во Италија, спојувајќи ги квалитетот, водечката технологија и стручноста.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...