„Делта холдинг“ влегува во нов бознис, во онлајн трговијата.
Компанијата развива е-платформа, наречена Ананас, која ќе биде активна веќе во првата половина од 2021 година. Ќе се одликува со голем асортиман на производи, соработка со најголемите добавувачи и ќе нуди целосно ново корисничко искуство, соопштија од компанијата.
Инвестицијата во следните пет години ќе изнесува 100 милиони евра.
Со финансиската сила и со искуството кое го има „Делта“, уверени сме дека можеме да направиме регионален џин во онлајн трговијата. На почеток ќе го покриеме пазарот на Србија, но со намера многу брзо да бидеме присутни на пазарите на поранешна Југославија, плус Албанија, изјави Марија Цветковиќ, потпретседателка на стратегија и развој во „Делта холдинг“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.