„Лидл“ - Србија соопштија дека заедно со своите вработени, одлучиле парите кои биле наменети за интерна новогодишна прослава да ги пренасочат и да ги донираат на оние на кои им е најпотребно.
Притоа, вработените од сите продавници, во 30 градови на Србија, имаа задача со заеднички сили да одлучат на кого сакаат да му помогнат. Секоја продавница одбра семејство или институција каде ќе донира. Вкупниот износ, повеќе од 4.000.000 српски динари, се наменети за лекување на 15 лица, од кои 14 деца, преку Фондацијата „Биди хуман“.
Покрај тоа, дел од парите ќе биде насочен и во институции, а за кои, исто така, ќе одлучат вработените во „Лидл“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.