Регион

Хрватска: „Кока кола ХБЦ“ го претстави брендот Costa Coffee

15 Oct 2020

Откако групацијата „Кока кола ХБЦ“ минатиот месец го претстави брендот Costa Coffee во Словенија, сега истото го направи и во Хрватска, со понуда која вклучува широк спектар на мешавини и формати на брендот. 

Комплетниот асортиман на Costa Coffee ќе вклучува пржени зрна кафе, мелено кафе и кафе во капсули, со што ќе одговори на широк спектар желби и потреби на купувачите. 

Кафето е една од пазарните категории што ни помага да останеме водечки партнер во продажбата на пијалаци за секоја прилика, во секое време од денот. Со зацврстување на трговската марка како што е во нашата понуда, беруваме дека можеме да им бидеме најдобар партнер на нашите купувачи, осигурувајќи им најдобро искуство, соопштија од „Кока кола ХБЦ“ за Хрватска, БиХ и Словенија. 

„Кока кола“ го купи Costa Coffee во 2018 година и оттогаш го претставува брендот на своите 28 пазари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...