Регион

Хрватска: „Атлантик група“ прекинува со производство две минерални води

18 Nov 2024

„Атлантик група“ ги соопшти плановите за прекинување на производството на минералните води Kala и Kalnička потенцирајќи дека тоа нема да влијае врз прозводните линии и вработените.

Овие две води се полнат од изворот Апатовец кај Крижевац, кој „Атлантик група“ го презеде пред 14 години од „Бадел 1842“. Погонот го припои Cedevita, па така денеска таму се произведува и  CedevitaGO.

„Атланитик Цедевита“ пред четири години доби концесија во траење од 30 години за црпење на вода од изворите во Апатовец, како и право на црпење на значително поголеми количини во период од една година. Покрај од изворите, досега годишно се црпени 21.600 м3 на вода  за производство на минерална вода, вода за човечки потреби и техничка вода, додека новата концесија го подигна капацитетот на максимални 49.200 м3 годишно.

Одлуката за прекинување на производството на Kala и Kalnička  нема да влијае на производната линија и врз вработените, освен во смисла на долнителниот развој и инвестиции, имајќи во предвид дека конечната идеја за реорганизација е за да се искористат капацитетите за производство и пласман на пазарот на нови производи  со додадена вредност, изјави Славен Ромац, главен директор за стратешкиот деловен сектор за пијалаци во „Атлатник група“.

Тој истакна дека „ во согласност со новата стратегија на стратешкиот деловен сектор за пијалаци, донесена е значајна одлука за реорганизација на постоечкиот асортиман, а една од последиците за реогранизација е и одлуката во ноември годинава да прекинеме со производство и дистрибуција на брендовите на вода Kala и Kalnička.

Истота така, Ромац најави дека наскоро ќе има соопштение за конкретните иновации од погонот во Апатовец.

 

Извор: točkanai

Фото: „Атлантик група“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...