Ексклузивно ви најавуваме - Tony Durham на 2 април 2025 година повторно во Скопје, со обука наменета за професионалци за продажба и маркетинг. Како однесувањето на потрошувачите да го ставите во функција на врвни деловни резултати.
Запознајте ги вашите потрошувачи подобро и носете прецизни бизнис одлуки. Користејќи ги принципите на психологија, социологија и економија, дознајте како да идентификувате, анализирате и применувате когнитивни стратегии кои можат да ги подобрат продажбата и маркетингот.
ЗА ОБУКАТА
Обуката ги води учесниците низ широкиот спектар на бихејвиоралната наука и концептите за когнитивна психологија кои експертите за продажба и маркетинг можат да ги применат во своето тековно работење. Учесниците ќе го разгледаат однесувањето на купувачите и потрошувачите од поинаква перспектива, генерирајќи низа нови идеи и концепти кои можат да ги применат во контекст на своите брендови.
Користејќи го моделот MINDSPACER обуката ќе им помогне на учесниците да разберат како човечките предрасуди и наученото однесување може да се искористат за да се подобрат резултатите во продажбата и маркетингот, а истовремено да се подобри задоволството на купувачите и потрошувачите.
Messenger │Кој ја пренесува пораката: Потрошувачите се под силно влијание на тоа од кого ги добиваат информациите.
Incentives │ Тригери: Однесување предизвикано од широк спектар на стимулации кои можат силно да влијаат на одлуките при купување.
Norms │ Општествени норми: Потрошувачите се под силно влијание од однесувањето на другите.
Defaults │ Повторувачки одлуки: Ги избираме опциите кои се веќе претходно понудени. Го избегнуваме напорот за донесување на нова одлука.
Salience │ Истакнување: Вниманието на потрошувачите е насочено кон тоа што е ново, невообичаено и е релевантно за нив.
Priming │ Подсвесни влијанија: Одлуките за купување се обликувани од подсвесни влијанија и информации.
Affect │ Емоционално влијание: Емоциите на потрошувачите моќно ги формираат нивните одлуки и нивното однесување.
Commitments │Заложби: Потрошувачите се стремат да бидат доследни на нивните јавни ветувања и однесување.
Ego │ Его: Однесувањето е водено од потребата да се чувствуваме подобро во врска со себе си.
Reciprocity │ Реципроцитет: Чувствуваме обврска да возвратиме на услугите кои се направени за нас.
ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА
ПРИЈАВИ СЕ!
ЗА ПРЕДАВАЧОТ
Tony Durham е светски признат експерт за психологија и однесување на купувачите. Кариерата ја почнува во 1982 година во Procter & Gamble, каде што го стекнува своето експертско искуство цели 35 години. За време на неговото работење во P&G, Durham обучувал некои од водечките светски менаџери на брендови за тоа како би можеле да го променат својот бизнис за подобро да ги сфатат потребите на купувачите и да го зголемат профитот.
Последната деценија од неговата работа во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.
Следниот голем чекор во неговата кариера е развивањето на концептот на регионалните центри „First Moment of Truth (FMOT)” кои имаат за цел да ги подигнат стандардите во трговијата преку собирање и користење на најдобрите практики и релевантни знаења за однесувањето на купувачите. Со време, овие центри стануваат место каде што компаниите можеа да ја тестираат ефикасноста на своите идеи со помош на физички инсталации и виртуелна реалност. Денеска овие центри се присутни низ светот и претставуваат важен адут за многу светски компании.
Во 2017 година Durham основа консултантска компанија, Tony Durham Consulting Limited, со цел да им помогне на компаниите да развијат стратегии и да ги зголемат приходите.
Цена по учесник: 299 евра (ДДВ не е вклучен во цената)
Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.
Пријавување на: meri@instore.mk; edukacija@instore.mk
Телефон: 071 262 441, Мери Каталиниќ
* Обуката ќе биде на англиски јазик без превод.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.