Македонија

„Веро“ со промотивни цени за домашните производи во викендот без ДДВ

09 окт 2020

Потрошувачите во „Веро“ маркетите овој продолжен викенд (од сабота до понеделник) ќе може да купат голем број домашни производи за кои државата ќе им го врати целиот износ на данокот на додадена вредност (ДДВ). „Веро“ видливо ги обележа домашните производи во маркетите за кои следи целосен поврат на платениот данок за да им го олесни купувањето на своите потрошувачи и да им овозможи максимално да ги искористат поволностите за време на продолжениот „Викенд без ДДВ“, соопштија од компанијата. 

Дополнително, за време на продолжениот викенд, „Веро“ ќе ги удвои поените за секоја промотивна понуда на македонски производ, со што со секое пазарување потрошувачите ќе добијат двојно повеќе поени на своите „Веро“ картички.

Целосно ја поддржуваме владината акција „Викенд без ДДВ“ бидејќи сметаме дека ќе ѝ го даде неопходниот стимул на домашната економија во овој тежок период за бизнисот, а на граѓаните ќе им овозможи да се снабдат со потребните производи по пониски цени. Сакаме да дадеме личен придонес во целата акција и поради тоа одлучивме за врeме на продолжениот викенд на потрошувачите да им понудиме уште поголем број македонски производи по промотивни цени, како и да ги удвојуваме поените на „Веро“ картичките за купените домашни производи, со што потрошувачите побрзо ќе го достигнат лимитот за да добијат вредносен ваучер. Од сабота до понеделник потрошувачите во Веро маркетите точно ќе знаат за кои производи ќе добијат целосен поврат на ДДВ, па ќе може најекономично да го испланираат својот шопинг, велат од менаџментот на „Веро“.

Следејќи ја компаниската стратегија за долгорочна поддршка на домашните производители, „Веро“ иницира активности и поддржува иницијативи насочени кон промоција и заштита на домашните производи. „Веро“ неодамна активно се вклучи во иницијативата на Владата „Купувам домашно“ кога организираше дополнителна промоција и понуди на домашни производи во своите маркети. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Признание за „Млекара Битола“

16 окт 2020

Бизнисот бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот

16 окт 2020

Паметна специјализација како предуслов за конкурентна економија

16 окт 2020

„Фајнанс тинк“ - Колку Ковид-19 влијае врз сиромаштијата?

16 окт 2020

Американската амсадорка Брнз во посета на „Алкалоид“

16 окт 2020

„Пакомак“ организира акција за собирање стакло

16 окт 2020
Вчитува уште новости...