Македонија

Светски ден на „вранецот“: потенцијалот е голем, но треба да се смени пристапот

05 Oct 2020

Достигнувањето некое ниво во производството не смее да се сведува само на ентузијасти. Неопходни се реформи, кои, сакале ние или не, ЕУ ќе ни ги наметне. Не смееме да се плашиме од поинаков пристап кој води напред, порачаa od здружението „Вина од Македонија“ по повод „Светскиот ден на Вранецот“.

Прославуваме локална сорта која има голем потенцијал, но неопходни се промени за да го добиеме она што го сакаме. Успеавме да го дотераме квалитетот на „вранецот“ до некое ниво, но тоа е работа повеќе на ентузијасти. Ова е почеток на патот по кој треба да одиме, пат што долго трае и не еден политички мандат. Сите се плашат од реформи, но реформите мора да почнат. Ќе бидеме принудени на нив со почетокот на преговорите со ЕУ. ЕУ ќе ни ги наметне тие реформи, не можеме вака да се однесуваме, треба работите да ги дотераме во ред, изјави Светозар Јаневски, претседател на  „Вина од Македонија“

Тој потсети дека ЕУ ќе ни наметне два нови термина – грло и хектар.-Тоа подразбира стимулирање во развој. Фондовите не се бават со формирање цена. Таа се формира меѓу два субјекта што преговорааат, а другиот сегмент се развојните проекти – стимулирање промена, купување опрема, вложување. Тој друг пристап ќе ни даде поголеми можности за да влеземе во други води и да го направиме она што треба. Имаме извонредни „вранци“ тука, во нив лежи оргомен потенцијал, но во него треба постојано да се вложува, рече Јаневски

Во земјава има околу 10.800 хектари вранец, а во регионот 15.000 до16.000 хектари, дел во Косово и Црна Гора.

Се обидуваме да се поврземе сите заедно во регионот, да ја насочиме целата снага, на институтите науката, традицијата, лозарите, за да ги промениме навиките, рече Јаневски

Од лани, извозот на виното „вранец“ е зголемен за седум проценти што, беше речено, дополнително укажува на потенцијалот.

Оваа година можеби не беше најдобра, но Владата, со рекордни 6,5 милиони евра успеа да го избалансира тој дел на пазарот. Со нашите мерки ќе се средува и делот со залихите, но тоа не е доволно. Планирани се реформи. Ќе се формира комитет за винско грозје меѓу лозарите у визбите, ќе се изготви и стратегија зашто виното после тутунот е втор производ по извоз. Остануваме на заложбата да помогнеме за да бидеме препознатливи во светот, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Имајќи во предвид дека сме во економска криза предизвикана од пандемијата Ковид 19, промоција на македонското вино во странство може да се искористи како можност за освојување нови пазари, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Еден од нашите стратешки извозни земјоделски производи е виното, а Министерството за економија во наредниот период има предвидено мерки за поддршка на кластерските здруженија преку кои ќе може компаниите здружено да настапат на странските пазари. Тоа ќе има дополнителен поттик за раст на трговската размена, посебно за зголемување на македонскиот извоз, порача Бектеши. 

На одбележувањето на „Светскиот ден на вранецот“ беше промовирана брошура за промоција винската индустрија на Македонија, чија подготовка е поддржана од Министерсрвото за економија преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...