Новиот маркет „Стокомак“, на вкупна површина од 900 квадратни метри, беше отворен на 30 септември во Гостивар.
За нас, како компанија, е најважно што продолжуваме да отвораме нови работни места, но и што сме сè поблиску до потрошувачите кои сакаат да купуваат производи со највисок квалитет по ниски цени, изјавија за InStore од „Стокомак“.
Додаваат дека освен тоа што купувачите секојдневно ќе имаат подобар избор во градот, тие имаат на располагање простран и комфорен маркет, со паркинг-простор за 10 возила.
Во маркетот се поставени 4 каси за наплата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.