„Витаминка“ го реализира првиот директен извоз во Јапонија. Пласманот на производите на компанијата на јапонскиот пазар следи по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренција и прехранбените навики.
Моментално „Витаминка“ има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.
Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен. Овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Го испорачавме првиот контејнер на карамел-бисквит, со наш оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди. Во фаза сме на подготовка и на нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите од таква далечна дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за „Витаминка“, вели Љупчо Велески, директор на секторот извоз во компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.