Македонија

Лозарите бараат поддршка од странските амбасади за извоз на грозјето

21 Aug 2020

Регионалното здружение „Напредни лозари” од Кавадарци испрати дописи до амбасадите во земјава за поддршка на извозот на македонско грозје.

Како што изјави за МИА претседателот на Здружението, Трајче Кулев, претходно е стапено во контакт со претставници на дипломатските претставништва и е побарана помош за пласманот на годинашниот род.

Имаме добар квалитет на грозје. Соочени со континуираните проблеми околу продажбата, цената и начинот на плаќање години наназад, решивме да се ангажираме што е можно поголеми количини да заминат во странство. Ова се однесува на земјите со кои имаме бесцаринска зона. Според нашите информации, како последица од климатските промени и невреме, во одделни соседни земји има помал род во лозовите насади. Затоа сакаме да им понудиме наше грозје, кое е надалеку познато како квалитетен производ, нагласи Кулев.

Тој додаде дека само конкуренцијата при откупот може да придонесе за подобар гроздобер оваа година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...