Македонија

Македонски вина ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци

17 Aug 2020
Вина од македонски производители ќе може да се видат, но и да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци што ќе биде отворен на 7 септември, Денот на ослободувањето на градот. 
 
Вината ќе бидат изложени во посебни витрини и ќе бидат дел од музејската поставка. Станува збор за вина произведени во средни и големи винарници, но и во мали семејни винарии.
 
Во иднина ќе има можност и за дегустација на македонски вина во рамки на активностите на Музејот и на манифестациите кои претстојат. Музејската поставка претставува отсликување на развојот на лозарството и винарството во најголемиот лозаровинарски регион во државата, од антика до денес, изјави за МИА в.д. директорката на Локален вински музеј за регионот „Тиквеш“ Кавадарци, Весела Честоева.
 
Таа најави и други активности со кои, вклучувајќи го и новиот Музеј, ќе се привлечат што поголем број туристи.
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...