Македонија

Издадени се над 300.000 платежни картички

28 јул 2020

Заклучно со 25 јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички. Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори, прифатени се 9.200 од кои 5.800 од млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход. Картичките и за овие граѓани се испечатени и се издаваат, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Таа додаде дека домашната платежна картичка е прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање и се реализира во координација со голем број државни институции и банки што се вклучени во проектот.

Домашната платежна картичка е во насока на помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата. Проектот од третиот сет на економски мерки на Владата е во насока и на подигнување на свеста за домашното, за зголемување на безготовинските плаќања што се директно поврзани со неформалната економија, за промена на навиките, но и за подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите, рече Ангеловска. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...