Домашна платежна картичка со државна помош ќе добијат уште 7.000 граѓани кои не се нашле на листата добитници, а ги исполниле условите. Нивните приговори се прифатени.
Најголемиот дел од приговорите или 4.052 се однесуваат за средношколци и студенти, 2.572 приговори се одобрени на вработени лица со ниски примања и 483 на невработени.
Банките имаат уште два дена да им ги поделат платежните картички на граѓаните.
Паричните средства не можат да се подигнуваат како готовина, туку со нив само може да се купуваат домашни производи и услуги, заклучно со 15 август.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.