Македонија

„Кожувчанка“ инвестира во нова производствена линија

30 Jun 2020

„Кожувчанка“ најави инвестиции во новитети кои ќе бидат пласирани на македонскиот пазар.

Најавената инвестиција е имплементација на комплетно нова производствена линија по најсовремена технологија за производство на лименки на која ќе се произведуваат сите наши брендови со исклучок на водите. Производите ќе бидат достапни на пазарот од јули, соопштија од компанијата.

Ова претходно го најави и Јанинка Чупаркоска, генерален менаџер на „Кожувчанка“, во интервјуто за InStore.

Инвестицијата изнесува 715.000 евра, а со неа ќе бидат опфатени повеќе новитети. Така, отсега газираните пијалаци  Sinalcо ќе бидат достапни и во лименка. Од компанијата истакнаа дека се одлучиле за овој потег поради зголемениот број на потрошувачи кои го консумираат овој пијалак. Во лименки ќе се произведува и Sinalco Ice tea како и негазираните густи сокови од палетата на Sinetta. Од алкохолните пијалаци во лименка ќе се произведуваат и непастеризираното, ладно филтрирано Lifer Beer и Наше македонско светло пиво.

Со овој проект Македонија е прва во светот консументи на Sinalco што ќе има производство на Ice Tea и Sinetta во лименка, факт на кој што сме особено горди, се истакнува во соопштението на „Кожувчанка“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...