Македонија

„Веро“ се вклучи во иницијативата „Купувам домашно“

19 јун 2020

„Веро“ се вклучи во поддршка на иницијативата на Владата „Купувам домашно“ насочена кон промовирање и заштита на домашните производи.

За таа цел, „Веро“ во следните неколку недели организира дополнителна промоција и понуда на домашни производи за уште повеќе да ги доближи до потрошувачите и да им помогне на домашните производители полесно да го надминат овој тежок период.

Домашните производи на полиците во „Веро“ маркетите ќе бидат видливо обележани и полесно видливи за потрошувачите. Дополнително, главниот фокус на промотивните понуди во следниот период ќе биде врз овие производи со цел тие да станат подостапни за граѓаните.

Компанијата интензивно соработува со над 800 домашни компании - добавувачи, чии производи сочинуваат околу 90% од понудата во маркетите. Голем дел од овие компании соработуваат ексклузивно со „Веро“ две децении, период во кој го развиваат својот бизнис со целосна поддршка и сигурен пласман на нивните производи.

Максимално ја поддржуваме акцијата „Купувам домашно“ бидејќи сметаме дека тоа е еден од најефикасните начини да ѝ помогнеме на домашната економија во овој кризен период кога и населението и компаниите се соочуваат со финансиски проблеми. Со обележувањето и промовирањето на домашните производи меѓу потрошувачите овозможуваме нивна поголема видливост, а со нивното купување ги поддржуваме локалните бизниси, придонесуваме за отворање нови работни места и зачувување на постојните. Македонија може да се пофали со голем број производи и брендови со одличен квалитет на ниво на европскиот и светскиот пазар, а во некои категории и со квалитет над нив. Затоа ние сме тука да им дадеме дополнителен стимул на овие производи за добар пласман и промоција пред потрошувачите, велат од менаџментот на „Веро“.

Граѓаните кои се корисници на домашна платежна картичка што ја издава Владата може да ја искористат за да пазаруваат од обележаните домашни производи во „Веро“ маркетите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...