„Веро“ донира производи во вредност од 1 милион денари за Клиниката за инфективни болести во Скопје со цел да ги зајакне капацитетите на оваа институција која е една од најангажираните здравствени установи од почетокот на кризната состојба со коронавирусот.
Донацијата на „Веро“ се состои од хигиенски производи, средства за дезинфекција и други производи кои во моментов ѝ се најпотребни на Клиниката, како и здрава храна, витамини и освежителни пијалаци за медицинскиот персонал кој вложува максимални напори за лекување и грижа за хоспитализираните лица. Оваа донација „Веро“ ја обезбеди во соработка со своите доставувачи, а доставувањето го организира во координација со кризниот штаб при Министерството за здравство.
Како компанија која повеќе од 20 години е присутна на македонскиот пазар, секогаш им излегуваме во пресрет на институциите и граѓаните кои имаат потреба од помош и поддршка. Донацијата за Клиниката за инфективни болести ја доставуваме во време кога нашиот здравствен систем се соочува со многу сериозен предизвик, а капацитетите на оваа здравствена институција се максимално оптоварени и изложени на притисок. Дополнително со нашата донација, во духот на велигденските празници сакаме да им се заблагодариме на здравствените работници за тоа што максимално се ангажираат на своите работни места грижејќи се за здравјето на сите граѓани, вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да помага со своите капацитети во справувањето со здравствената криза и да им пружа поддршка на институциите во земјава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.