Македонија

Нова донација од „Виолета“

10 Apr 2020

Компанијата „Виолета“ донираше 200 FFP3 маски за ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со што продолжува со поддршката на здравствените установи низ земјава.

Изразуваме голема благодарност до компанијата, која и години порано, а особено сега, го покажува чувството за хуманост и свесност за општествена одговорност, велат од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Пред неколку дена, „Виолета“ донираше хигиенски производи од својот асортиман (тоалетна хартија, хартија за раце, течен сапун и медицински ролни, како и пелени и влажни марамчиња за бебиња) за истата клиника. За  Клиниката за инфективни болести, донацијата ја сочинуваа резерви од течен сапун, хартиени бришачи, тоалетна хартија и медицински ролни.

Освен тоа, и Универзитетската клиника за детски болести – Скопје доби донација од хигиенски производи на „Виолета“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...