Македонија

„Виолета“ донираше на Детска клиника

06 Apr 2020

Универзитетската Клиника за детски болести-Скопје денеска доби донација, хигиенски производи од компанијата „Виолета“ со помош на амбасадорот на Република Босна и Херцеговина Драган Јачимовиќ.

Донацијата се состои од пелени, влажни марамчиња, хартиени бришачи за раце, медицинска хартија за преглед,течен сапун, тоалетна хартија и облека за бебиња.

Благодарен сум, што во овие тешки времиња општествено одговорната компанија „Виолета“ ни излезе пресрет и ни помогна за донацијата. Сега е време кога највеќе си требаме едни на други. Децата се нашата иднина, затоа и треба многу да внимаваме на нив. Со големо задоволство во име граѓаните од мојата земја, им помагаме на децата во болница, изјави Јачимовиќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...