„Битолска млекара“ обезбеди финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, потребни за Инфективната клиника во Скопје.
Моменталната ситуација и кризата предизвикана од КОВИД 19 го сврти нашиот фокус кон напорите на здравствените работници и донацијата ја упативме до Министерството за здравство во делот каде е најпотребна, за обезбедување соодветна и функционална апаратура. Сите сме свесни дека во овој момент многу е тешко да се набават овие апарати за респираторна нега, па од голема важност е нивното одржување и добро функционирање, изјави генералниот директор на „Бимилк“, Ѓорѓи Петрушев.
Од компанијата истакнаа дека се следи состојбата и претходно предвреме ја уплати вкупната аконтација на данок на добивка за тековната година во вредност од 15 милиони денари. Минатата недела реализирана е донација од финансиски средства и набавка на два пациент монитори во Клиничката болница Битола, како и производи за најранливите групи граѓани, доставена преку Црвениот Крст Битола. За граѓаните од кризниот регион во Дебар и Центар Жупа во најкритичните моменти, компанијата достави донација од 3 илјади литри јогурт, стои во соопштението.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.