Македонија

„Бимилк“ исплати данок и донира

04 Apr 2020

„Битолска млекара“ изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари и донираше финансиски средства во Клиничката болница во Битола.

Млекарницата донираше и финансиска помош на Клиничката болница Битола за набавка на два пациент монитори, потребни за подобрување на болничките капацитети во справување со КОВИД 19.  Во изминатиов период беа донирани и производи за најранливите групи граѓани во Битола што преку Црвениот Крст Битола ќе бидат распределени според потребите и евиденциите на локалната канцеларија за хуманитарна помош.

Во период кога целото општество се соочува се една ситуација која за сите нас носи бројни непознаници, треба да ја покажеме нашата одговорност кон заедницата. Во овие моменти потребно е да делуваме заеднички и да покажеме единство со сите државни и општествени процеси. Во тие рамки ја ставаме и грижата за локалната заедница и реагираме соодветно за да помогнеме онаму каде има потреба, изјавија од Бимилк.

За Клиничката болница од Битола оваа донација е значајна и доаѓа во вистински момент. Оваа помош од „Битолска млекара“ доаѓа во навистина важен момент и значително ќе ни помогне во зајакнувањето на нашите капацитети во дадената ситуација. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот, изјави д-р Билјана Гагачовска, директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Во новонастанатата ситуација „Бимилк“ целосно се раководи и ги почитува препораките за заштита и превенција упатени од Министерството за здравство, и во однос на своите вработени, соработници и во однос на производите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...