Во оваа тешка ситуација во која се најде целата планета, компанијата „Фруктал“ заедно со својот партнер во Македонија, компанијата „Кола“ одлучи да им помогне на пациентите на инфективните клиники во Скопје, Штип, Дебар и Куманово.
Донацијата од 14.000 производи е наменета за медицинскиот персонал, како и за најранливите категории на граѓани, граѓаните кои немаат дом.
Среќни сме што можеме да помогнеме на некој во оваа ситуација, ситуација тешка за сите нас, а особено на оние, ширум целата држава, на кои во овој момент помошта им е најпотребна. Сметаме дека во ова време треба сите да дадеме максимум, да си помогнеме едни на други за да победиме заедно во оваа битка. Се надеваме дека и други компании кои се во можност ќе ни се придружат, истакнаа од компанијата „Фруктал“.
Во оваа акција вклучен е и Црвениот Крст на град Скопје и град Штип кои помогнаа во доставата на овие производи до оние на кои сега им се најпотребни.
Компанијата „Фруктал“ е дел од групацијата „Нектар“ која е присутна во целиот регион и има фабрика која се наоѓа во Скопје
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.