Македонија

„Витаминка“ прокнижи добивка од 30 милиони денари за 2019 година

13 Mar 2020

Компанијата „Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари-декември 2019 година оствари добивка во износ од 30.023 илјади денари. 

Добивката е намалена во однос на претходната година кога изнесувала 62.219 илјади денари.

Остварените единечни вкупни приходи во 2019 година изнесуваат 2.517.200 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 10%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 8%.

Остварените единечни вкупни расходи во 2019 година изнесуваат 2.524.175 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 8%. Растот  на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за  2019 година.

Извор: denar.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...