Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2020 година, во однос на претходниот месец изнесува 100.1, а индексот на цените на мало изнесува 99.7.
Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2.6 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2.1 %, маслото и маснотиите за 1.6 %, месото, млекото, пивото за 0.8 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %, безалкохолните пијалаци, жестоките пијалаци за 0.5 %, јогуртот, сирењето и урдата, јајцата за 0.3 % и виното за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај замрзнатото овошје за 0.4 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.3 %, другите пекарски производи за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2020 година во однос на февруари 2019 година бележи пораст од 0.7 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.5 %.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.