Македонија

Gurmano доби уште едно признание за квалитет

16 Dec 2019

Компанијата „Кривогаштани промет“ е единствената компанија од прехранбениот сектор која се закити со признанието „Македонски квалитет 2019“. Престижното признание за афирмација на македонскиот квалитет во земјата и интернационално, го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот Н. Е. Стево Пендаровски.

„Кривогаштани промет“ ги пласира своите производи под брендот Gurmano, кои се продаваат во Македонија и се извезуваат во 23 земји во светот. 

Добивме признание како извозници и промотери на домашните македонски производи. Ние имаме признанија од повеќе од 20 земји во светот, но тие од дома повеќе ни значат. Впрочем, и најголемите критичари ни се тука, ни рече Горан Цуцулески, генерален менаџер на „Кривогаштани промет“. 

Gurmano нуди ајвар, пинџур, лутеница, малиџано, закуска (сите во блага и лута варијанта), печена пиперка, печена сомборка, феферони, пиперчиња со сирење и други производи правени по оригинален македонски рецепт и со суровини главно добиени од Пелагонискиот регион. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...