Награди за социјално претприемништво во земјава им беа доделени на најдобрите млади претприемачи преку едногодишната програма „Social impact award".
За три најдобри решенија беа прогласени идеите EdiStraw, TreeBanks и CoSense. За нив, „Шпаркасе банка“ обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра. Четвртиот победник „Дружење без граници” доби ваучер за посета на настан во странство. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Киев каде ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.
Среќни сме што Treebanks е препознаена како идеа со социјален импакт. Се радуваме што наградата ни дава можност да се презентираме интернационално во Киев, изјави Невен Стевчев од TreeBanks.
Програмата е организирана од Бизнис „Импакт Лаб“, со поддршка од „Шпаркасе банка“, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и „Пакомак“.
На конкурсот беа пристигнати вкупно 36 апликации.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.