Македонија

Златни медали за вина на „Тивеш“ и на „Стоби“

06 Sep 2019

Винoто Vase de Pierre 2017  произведено во француската винарница „Château de Gourdon“, која е дел од „Тиквеш“ и вината Veritas 2016 и Rkaciteli 2018 од винарницата „Стоби“ се закитија со златни медали на еден од најпрестижните вински натпревари „Мундус вини“, што се одржа во Германија.

Медалите ги додели жири-комисија составена од 170 вински експерти од 45 земји од светот, во рамките на летната сесија на тестирање. 

Со златен медал се закити винарницата „Стоби“, за виното Aminta 2015 од натпреварот CWSA (China Wine & Spirits Awards) што се одржа во Кина. На натпреварот учествуваа 55 земји од светот. Медали добија и вината Veritas 2015 и помладите етикети  Rkaciteli 2018 и Žilavka 2018 од истата винарница. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...