Денеска во Скопје свечено ќе се додели сертификатот за компании „Фер со потрошувачот“.
Овој сертификат се доделува на компании кои имаат јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, користат фер пазарни практики, применуваат спогодбено решавање поплаки и спорови, ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.
Со сертификацијата се помага да се поттикне фер деловната пракса и да се воведат корпоративни кодекси за однос кон потрошувачите.
Сертификацијата на компаниите е финансирана од Европската Унија во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, што го спроведуваат Организацијата на потрошувачите (ОПМ) и Асоцијацијата „Зенит“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.